Учениците од ООУ „Лазо Ангеловски“ создадоа аквапоничен рециклирачки систем, финансиран од Фондот за иновации и технолошки развој преку програмата „Предизвик за млади истражувачи“.
Учениците и нивните наставници ги презентираа сите составни делови на системот што се наоѓа во училиштето, како и нивната функција и намена.
Имено, со овој систем се заштитува животната средина, се штеди водата и се произведува здрава органска храна.
Директорот на училиштето, Перо Арсеновски, посочи дека овој иновативен систем поттикнал заинтересираност кај претприемачите партнери на училиштето и ќе биде презентиран пред претставниците на малите и средните претпријатија. Училиштето, исто така, има во план да ја патентира оваа иновација.
30.10.2019
Општина Аеродром
11-06-25
Со цел да се унапреди квалитетот на урбаниот живот и да се создадат подобри услови за рекреација и забава на граѓаните, Општина Аеродром во периодов работи на реализација на неколку значајни инфраструктурни проекти.