Илјадници светилки оваа година ги осветлија парковите и внесоа новогодишна магија во Општина Аеродром. Со високи новогодишни елки, светлечки снегулки, светлосни фонтани, големи лампиони, светлосен тунел, ѕвездено небо ги украсивме парковите булеварите „Јане Сандански“ и „12 македонска бригада“, кружниот тек на улицата „Коста Новаковиќ“, ТЦ „Бисер“, Мичурин, Бојмија, Бановина, Долно Лисиче, како и детската улицата „Тоше Проески“. Меѓу украсите распоредени на различни локации, доминираат сината и белата боја и создаваат пријатна атмосфера за вечерни прошетки на аеродромци во пресрет на новогодишните и божиќните празници.
31-01-26
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.