В понеделник, 8.2.2021 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 50-тата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:
1. Предлог-одлука за усвојување Извештај на централна пописна комисија за извршен попис на средствата со состојба на ден 31.12.2020 година.
2. Предлог-заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општина Аеродром за четвртиот квартал од 2020 година.
3. Предлог-деловник за работа на Партиципативно тело од областа на урбанизмот на Општина Аеродром.
4. Предлог-одлука за доделување финансиска помош за санирање на последиците од пожар на ТЦ ГЛОБАЛ Струмица.
5. Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање на вработени лица во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци.
6. Советнички прашања.
2.2.2021
Општина Аеродром
17-03-26
Општина Аеродром започна со реконструкција и уредување на просторот во Трговскиот центар во Лисиче, којшто по подолг период, конечно добива нов, модерен и уреден изглед.