В четврток 51. седница на Советот на Општина Аеродром

 

В четврток, 11.3.2021 година, со почеток во 12:00 часот, онлајн ќе се одржи 51. седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки: 

1.    Завршна сметка на Буџетот на Општина Аеродром за 2020 година

2.    Предлог-заклучок за усвојување на Годишниот извештај на Општина Аеродром за 2020 година

3.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект на КП 1555/1 и КП 1555/3 КО Долно Лисиче)

4.    Предлог-одлука за утврдување бесправен објект за кој  може да се изврши вклопување на објектот во урбанистичко-планска документација  (објект на КП  3925 КО Кисела Вода)

5.    Предлог-правилник за измена и дополнување на Правилникот за постапката, начинот и условите за давање на користење на училиштен простор и спроведување други активности во врска со основните училишта на Општина Аеродром

6.    Предлог-одлука за доделување спонзорство на КУД „Гоце Марковски“ – Долно Лисиче за реализација на програмски активности во 2021 година

7.    Предлог-одлука за  доделување спонзорство на Кик бокс клуб Гладијатор, Скопје

8.    Предлог-одлука за  доделување спонзорство на Ракометен клуб Аеродром, Скопје

9.    Предлог-одлука за  доделување спонзорство на Фудбалски клуб Аеродром, Скопје

10.  Предлог-одлука за  доделување  спонзорство на Спортско здружение ЖРК Вардар - Скопје

11.  Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања  за опремнина за пензионирање на вработени лица  во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

12.  Предлог-одлука за давање согласност за користење на недвижна ствар – деловна просторија, од страна на пратениците во Собраниeто на РСМ, од Општина Аеродром 

13.  Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училишта и детските градинки на територијата на Општина Аеродром

14.  Предлог-заклучок за усвојување извештај за реализација на активности од областа на културата во Општина Аеродром за 2020 година

15.  Предлог-заклучок за усвојување извештај за реализација на активности од областа на спортот во Општина Аеродром за 2020 година

16.  Предлог-заклучок за усвојување извештај за реализација на активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2020 година

17.  Предлог-заклучок за усвојување извештај за реализација на активности од областа на социјалната и детската заштита, заштита и спасување во Општина Аеродром за 2020 година

18.  Советнички прашања

 

 5.3.2021

 Општина Аеродром