В среда 54. седница на Советот на Општина Аеродром

 В среда, 12.5.2021 година, со почеток во 12:00 часот онлајн ќе се одржи педесет и четвртата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-решение за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Аеродром

2.    Предлог-заклучок за усвојување на Квартален извештај за  извршување на Буџетот  на Општина Аеродром за првиот квартал од 2021 година

3.    Предлог-план за дополнување на План на програми за развој на ОА за периодот од 2021 до 2023 година

4.    Предлог-програма за постигнување енергетска ефикасност при реконструкција на згради и индивидуални станбени објекти на територијата на општина Аеродром за период од три години

5.    Предлог-одлука за давање согласност на измена и дополна на Годишниот план за вработување на ОА за 2021 година

6.    Предлог-одлука за исплата на парични средства на вработените во општинската администрација на Општина Аеродром по основ на надоместок за годишен одмор

7.    Предлог-одлука за давање согласност на текстот на Статутот на Јавно претпријатие за управување со развојни проекти на Општина Аеродром

8.    Предлог-заклучок за усвојување информација од Одделението за урбанизам и подготовка на урбанистички планови, број 18-173/1 од 27.04.2021 година, за донесено Решение за ништовност на Одговор по иницијатива за изработка на ДУП за градска четврт И13 блок 13.05, општина Аеродром Скопје

9.    Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање на вработени лица во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

10. Советнички прашања

 

            6.5.2021

Општина Аеродром