Општина Аеродром ја доби првата станица за собирање кабаст отпад, која е лоцирана на булевар АСНОМ, односно во непосредна близина на поранешната слаткарница „Стела“.
Станува збор за ограден и заштитен простор каде што граѓаните ќе можат во секое време бесплатно да го оставаат својот стар мебел и дотраена бела техника. Ова е прва станица од ваков тип во Општина Аеродром, а во блиска иднина се планира поставување на вакви оградени простори на повеќе локации на ниво на целата територија.
„Следејќи ги европските примери, сакаме да им излеземе во пресрет на граѓаните што имаат потреба да се ослободат од старите предмети од домаќинствата, а притоа тоа да биде бесплатно и во близина на нивните домови“, изјави градоначалникот Златко Марин.
Станува збор за проект што се реализира во рамките на новиот и европски интерактивен пристап за одржување на јавната хигиена што го воведува Општина Аеродром.
25.6.2021
Општина Аеродром
22-03-24
Општина Аеродром, „Нула отпад“ и „Капитол мол“ и оваа година ја почнуваат заедничката екомисија насловена „Е-капитолијада“, односно избор на најдобра екомаска, која има цел да ја подигне јавната свест за заштита на природата и здравјето на луѓето.