В среда 58. седница на Советот на Општина Аеродром

 

В среда, 28.7.2021 година, со почеток во 12:00 часот онлајн ќе се одржи педесет и осмата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-решение за верификација на мандатот на член на Советот на Општина Аеродром

2.    Предлог-заклучок за усвојување Извештај за работата на ПС од ОН Аеродром за првите шест месеци од  2021 година

3.    Предлог-одлука за донесување Детален урбанистички план за градска четврт И 17 блок 17.03, Општина Аеродром

4.    Предлог-одлука за донесување измена и дополна на Детален урбанистички план за градска четврт И 11 блок 11.02, Општина Аеродром

5.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програма (Ј) комунални дејности на  подрачјето на Општина Аеродром за 2021 година

6.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програма (ФА) уредување на градежно земјиште (капитални трошоци)  на подрачјето на Општина Аеродром за 2021 година

7.    Предлог-одлука за измена на распоредот на средствата во Буџетот на ОА за 2021 година

8.    Предлог-одлука за воспоставување меѓуопштинска соработка меѓу Општина Аеродром и Град Скопје за изградба на улица СТ1, дел од улици С1, С2, С3 и С4, според ДУП И12

9.    Предлог-план за измена на Планот на програмите за развој за период 2021-2023 година

10. Предлог-одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ„Браќа Миладиновци“ за 2022 година

11. Предлог-одлука за именување член на управниот одбор на ЈДГОА „Срничка“

12. Предлог-одлука за исплата на парична помош по основ на пристигнати барања за отпремнина за пензионирање на вработени лица во ОА/општински буџетски корисник, за смрт на вработено лице/ на член потесно семејство и за боледување подолго од шест месеци

 

            23.7.2021

Општина Аеродром