Во вторник 59. седница на Советот на Општина Аеродром

Во вторник, 31.8.2021 година, со почеток во 12:00 часот онлајн ќе се одржи педесет и деветтата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Предлог-одлука за измена и дополнување на Одлуката за избор на претседатели и членови на комисии на Советот на Општина Аеродром.

2.    Предлог-одлука за измена на Одлуката за именување командант и членови на Штабот за заштита и спасување за подрачјето на Општина Аеродром.

3.    Предлог-заклучок за усвојување квартален извештај за извршување на буџетот на ОА за вториот квартал од 2021 година.

4.    Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училиштa на територијата на Општина Аеродром.

5.    Предлог-одлука за давање согласност  на Годишен план за вработување во Општина Аеродром  за 2022 година.

6.    Предлог-одлука за давање согласност на Годишен план за вработување за 2022 година за ООУ „Александар Македонски“.

7.    Предлог-заклучок за усвојување информација од Одделението за урбанизам  и подготовка на урбанистички планови за почнување постапка за донесување Детален урбанистички план за градска четврт И16 блок 16.03, Општина Аеродром.

8.    Предлог–одлука за давање согласност на Годишни извештаи за работата на основните училишта на подрачје на Општина Аеродром за учебната 2020/2021.

9.    Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Гоце Делчев“.

10. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Лазо Ангеловски“.

11. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Блаже Конески“.

12. Предлог–заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Александар Македонски“.

13. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Браќа Миладиновци“.

14. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Димитар Македонски“.

15. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Ѓорѓија Пулевски“.

16. Предлог-заклучок за усвојување Годишна програма за работа за 2021/2022 за ООУ „Љубен Лапе“.

17. Советнички прашања.

 

            26.8.2021

Општина Аеродром