ИЗВЕСТУВАЊЕ

 

 

за достапност на документот „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти“ за реконструкција на улицата „Мите Богоевски“ во Град Скопје, Општина Аеродром, во рамките на проектот за поврзување на локални патишта во РСМ

 

Во рамките на проектот за поврзување на локални патишта во РСМ кој се реализира од страна на Единицата за имплементација на проекти при Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светска банка, а со цел подобрување на локалната патна инфраструктура, Општина Аеродром аплицираше со проект за реконструкција на улицата „Мите Богоевски“ во Град Скопје, Општина Аеродром.

Во согласност со Рамката за животна средина и социјални аспекти изготвена врз основа на барањата на Светска банка за проектот беше подготвен документ „Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти“, во кој се анализирани влијанијата врз животната средина и социјалните аспекти што ќе произлезат од планираните активности на проектот.

Овој документ се става на јавен увид:

 

Контролна листа на План за управување со животна средина и социјални аспекти

Вашите коментари може да ги доставите во рок од 14 дена од денот на објавата документот, односно од 27.04.2022 година.

 

Формулар за поднесување коментари