ВО ВТОРНИК 26. СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА АЕРОДРОМ

На 14.3.2023 година (вторник) со почеток во 16:30 часот во просториите на Општина Аеродром ќе се одржи дваесет и шестата седница на Советот на Општината. На дневен ред на седницата се следниве точки:

1.    Завршна сметка на Буџетот на Општина Аеродром за 2022 година

2.    Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај на Општина Аеродром за 2022 година

3.    Предлог-заклучок за усвојување Годишна сметка на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром за 2022 година

4.    Предлог-заклучок за усвојување Годишен извештај на Јавното претпријатие за стопанисување на јавно осветлување на Општина Аеродром за 2022 година

5.    Предлог-одлука за давање согласност за спроведување постапка за закуп на недвижни ствари во површина од 65,25 м2 – сопственост на Општина Аеродром

6.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за планирани активности од областа на образованието во Општина Аеродром за 2023 година

7.    Предог-програма за измена на Програмата за остварување социјална и детска заштита во Општина Аеродром за 2023 година

8.    Предлог-програма за измена и дополнување на Програмата за заштита и спасување во Општина Аеродром за 2023 година

9.    Предлог-одлука за доделување еднократна парична помош на семејството Георгиевски заради полесно надминување на последиците од претрпена  штета  предизвикана од пожар

10. Предлог-одлука за измена на Одлука за доделување еднократна парична помош на семејствата со новороденче на подрачјето на Општина Аеродром за 2023 година

11. Предлог-заклучок за усвојување Информација  за иницирање на постапка за измени на  Детален урбанистички план за парцела 771/1, 771/3 и 779/1

12. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програмата за вршење на јавни работи на територија на Општина Аеродром за 2022 година

13. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Потпрограма (ФА) уредување на градежно земјиште (капитални трошоци) на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

14. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програма (Р) заштита на животната средина и природа на Општина Аеродром за 2022 година

15. Предлог-заклучок за усвојување Извештај за реализација на Програма (Ј) комунални дејности на подрачјето на Општина Аеродром за 2022 година

16. Предлог-одлука за одобрување дополнителни финансиски средства на основните училиштa  на територијата на Општина Аеродром

 

8.3.2023

Општина Аеродром