Општина Аеродром потсетува дека на 28.3.2025 година (петок) истекува рокот за пријавување новороденчиња родени во 2024 година, кои ќе добијат по 8.000 денари еднократна парична помош.
Барањето за доделување еднократна парична помош може да се преземе од општинската веб-страница преку линкот http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari.
Инаку, Општина Аеродром досега додели еднократна парична помош за вкупно 675 новороденчиња родени во 2024 година.
25.3.2025 година
Општина Аеродром
25-04-25
Изградбата и уредувањето на новиот парк „Радост“ во Реонски центар во Општина Аеродром е во завршна фаза и во зависност од временските услови, се очекува паркот да го добие својот финален изглед до средината на следниот месец.